Гоблин организира Хартстоун тимски турнир Hallow’s End Team Fireside Gathering!

 

Што претстатува Fireside Gatherings? Fireside Gatherings се обично организирани собирачки на љубителите на Хартстоун со цел да се промовира нов Хартстоун контент и социјалниот аспект на играта преку креирање на нови пријателства, дружење и пријатни спомени, исто така може да се забавуваат играјќи (casual) дуели или да учествуваат во некој од организираните турнири.

 

 

Fireside Gatherings собиранките се креираат и можат да се поделат на групи за почетници и експерти или да се креираат и мини турнири и се наменети за сите играчи од кој било скил левел. Препорачано е оние кој сакаат да присуствуваат да користат Ipad-ови или да си донесат лаптоп но не би претставувало проблем и додека има компјутери во близина кој можат да се искористат.

Blizzard актино ги подржува овој тип на евенти и ги охрабрува сите учесници и играчи да продолжат да ги организираат редовно.

 

Неколку фотки како се организирани собиранки на различни локации низ светот за претходно годишните Fireside Gatherings

 

 

 

ГОБЛИН ВИ ПРЕЗЕНТИРА!!!

 

Гоблин Друштвени Игри повторно ве кани на Хартстоун евент, но овој пат место еден против еден се организира ТИМСКИ турнир! Викнете некого со вас и дојдете да се дружиме! Fireside Gatherings! Повеќе информации за евентот подоле.

 

Овој месец имаме изненадување – ТИМСКИ турнир за сите!!!

На 21 октомври ќе ја прославиме Ноќта на вештерките или популарниот Halloween (малку порано од сите други, ама нема везе :))). Најјако ќе биде тоа што секој играч што ќе учествува на овој турнир ќе го добие специјалното ново Ворлок херојче Nemsy Necrofizzle! Ова слатко џуџенце може да го добиете само на Fireside Gathering турнирите кои се одржуваат овој месец низ целиот свет, а еден од нив ќе се одржи и во Гоблин!
https://goo.gl/xsjw74

Е сега, поради тоа што Немси ќе ја добиете само ако учествувате на Fireside Tavern Brawl, кој овој месец е во формат таг тим три-на-три, турнирот на 21ви НЕМА биде со Стандард декови како до сега, туку целиот тунир ќе биде Tavern Brawl!!! Тоа значи дека нема да мора да доаѓате со свои декови, туку пред почетокот на секој меч ќе ви биде даден избор на класи и претходно конструиран дек со кој што ќе треба да играте. ВАЖНО: Тимовите ќе ги избереме по случаен избор пред почеток на турнирот, односно до почеток на турнирот никој играч нема да знае кои се неговите соиграчи во тимот!
https://goo.gl/BnjacB

*SPOOKTACULAR SURPRISE*

Време: 21 октомври, сабота, 14:00 ч.

Формат: Tag Team (по тројца играчи во еден тим избрани по случаен избор пред почеток на турнирот, 3-4 кола по швајцарски систем со Топ 4)

Број на декови: 3 – по еден од три различни класи кои ќе бидат зададени од самата игра пред почеток на партиите (НЕ ТРБА ДА ИМАТЕ ВАШИ ДЕКОВИ).
Победник: Се игра една континуирана партија, а тимот којшто ќе има последен преживеан херој на крајот на партијата е победник.

Пријавување: Испратете ме, презиме и бетл таг на contact@goblingames.com.mk

ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)

Учество: 100 ден.

Награди:
1 место: Тимот добива 50% store credit од вкупното учество
+ 3 Murloc Funko POP фигури!
2 место: 30 % store credit од вкупното учество
+ многу награди по случаен избор!

***ПРАВИЛА НА ЛИГАТА***

1. Секој учесник на турнир од лигата ќе добие по 3 бода (доколку учествува на пр. на 3 турнири, тоа се вкупно 9 бода).
2. Секоја победа носи по 1 бод, победи во плејофот (Топ 4) не се бодуваат.
3. На крајот на првата сезона (кон крајот на годината) најдобрите 8 играчи кои ќе имаат собрано најмногу бодови во текот на сезоната ќе играат на финален Топ 8 турнир со вредни Hearthstone награди!
4. Турнири од лигата се одржуваат отприлика по еднаш месечно во Гоблин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *