Cuphead, играта која го импресионраше и освои целиот свет

Што е Cuphead? Cuphead е 2D run and gun side-scrolling indie игрица артистички дизајнирана во стилот на многу познати цртани од периодот на 1920,1930 која дели сличен форматот со игри како MetalSlug серијалите само што Cuphead се фокусира на boss борбите и нивните транзиции кој се во огромно изобилство и има интересен и уникатен контент. Првата импресија изгледа дека играва ќе ја свртите од шала и контентот ќе го прочешлате многу лесно но напротив оваа игра искрено ќе ве изнервира на неколку моменти и ќе ве натера да дофрлите неколку пцовки во нејзин правец па и да се разлутите. Убавината во Cuphead e во тоа што низ тешкотиите кои ќе ве ги пружа од незнајко сигурно до нејзиниот крај ќе ве претвори во експерт за решавање на проблемите и поминување на boss секвенциите која играта ви ги пружа. Најочигледното нешто кога ќе ја започнете оваа игра е целата нејзина замисла која ке ве пријатно изненади дизајнот на карактерите, како е дизајнирана и креирана како комплетен проект, одличната музика во позадина, предизвиците, ќе се почуствувате како вие да сте позади раката која го креира овој пола игра пола цртан проект и го прави реалност со секоја ваша акција.

 

 

Приказната на играва е, Cuphead и Mugman (главните карактери кој се браќа) се коцкале и изгубиле против The Devil (ѓаволот кој е и последниот главен) тој ги испраќа на патување и им кажува се што треба да направат за да му се раздолжат. Тие додека патуваат низ Inkwell островотчето ги собираат договорите на други карактери што исто ги изгубиле своите души. Низ ова патување Cuphead и Mugman ќе научат како правилно да се справат со нивниот проблем.

 

 

Cuphead искочи на 29 септември и можете да ја купите и најдете на Steam за 20 евра. Подржува solo и coop играње, така играјте сами или со уште едно другарче и заедно уживајте во ова ремек делово. Доколку сте заинтересирани за gameplay-от слободно може да ги погледнете првите 8 минути од Cuphead без да навлагате многу во приказната и да одлучите дали ви се допаѓа.

 

 

Оценките за Cuphead што ги доделија најголемите gaming news портали се екстремно позитивни што значи дека оваа игра е сигурно една од најдобрите за 2017.

Metacritic (PC) 88/100[11]
(XONE) 86/100[12]
Review scores
Publication Score
Destructoid 9.5/10[13]
EGM 9.5/10[14]
GameSpot 8/10[15]
GamesRadar 5/5 stars[16]
IGN 8.8/10[18]
Polygon 8.5/10[17]
VideoGamer.com 8/10[19]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *