Македонски репрезентации во Magic, LoL и CS:GO на светско! Ница,Јинчуан и Бусан!

Претходниот викенд на 16-17 септемврии се одвиваа најважните и најинтересните gaming и esport евенти во Македонија за оваа година. Доколку Magic Nationals беше организиран од Гоблин и се одвиваше во нивното клубче, МЕСФ (Македонска Еспортс Федерација) организираше два esport евента едниот во League of Legends кој се одржа во Инсомниа во Скопје а другиот во CounterStrike:GlobalOffensive кој се одржа во Entity Gaming Housе во Охрид.

Македонската репрезентација за Magic National во Magic:The Gathering ќе ја претставуваат Диме Меловски кој е главниот победник во македонските кфаликациите а него ќе му се придружат финалистот Владимир Трајчевски и Миро Попов (директно пласиран) за да се оформи тимот кој ќе ја претставува Македонија во Ница, Франција во декември.

 

Победник во квалификациите за League of Legends претставуваше тимот на Evolution Online кој во финалето го совлада тимот на Me6 и ќе ја претставува Македонија во Јужна Кореа, Бусан на IESF (International e-sports federation). Официјалниот facebook page на овој тим можете да го најдете под @nexusesportmk a за повеќе информации за тимот можете да погледнете на  веб страна.

www.nexus-esport.com

 

 

Во CounterStrike:GlobalOffensive квалификациите победник беше тимот на Entity и тој ќе ја претставува Македонија во Кина, Јинчуан на WCA (WorldCyberArena). Доколку сакате да го подржите тимот на Entity тоа слободно може да го направите со следејќи го нивниот facebook page под @entity.mk.

 

 

Оваа година на евентите организирани од МЕСФ учествуваа 20 тима во 2 дисциплини, која пред се е солидна бројка која се надеваме ќе се дуплира и ќе продолжи да расте  во годините што следат. MЕСФ како организација прва ги организираше квалификациите за WCG (WorldCyberGames) esport евентот дури од далечната 2005. МЕСФ како организација се стреми за подобрување на gaming и еsport сцената во Македонија и под нејзиното име се органзирани неколку квалификациски евенти на кој Македонски репрезентации гордо ги бранеле боите на Македонија. За повеќе информации за МЕСФ погледнете на нивната веб страна.

www.mesf.mk

 

 

Gamer.mk им посакува огромен успех на сите тимови што ќе ги бранат боите на Македонија! Среќно!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *