Гоблин организира државно првенство во Magic:The Gathering

Гоблин и оваа година го организира најпрестижниот гејминг евент во Македонија. Национални квалификации во Magic:The Gathering на 17 септември со цел да се оформи македонската репрезентација која ќе патува во Ница, Франција и ќе ја претставува Македонија на Светско првенство од 1 до 3 декември. Повеќе информации за евентот тука

 

Што е Magic: The Gathering? Мagic:The Gathering или Magic/MTG е најпопуларна и најиграната стратешка игра со карти. Во Magic вие сте војвода кој под своја контрола има голем спектар на сусштества, магии, артефакти, итн.. со цел да го победите вашиот противник, кој седи спротивно од вас и има свој креиран спектар на сите работи што ви се достапни. Над 20 милиони играчи активно ја играат Magic низ целиот свет.

 

 

Во тек на Државното првенство, Гоблин организира од 16-17 септември спореден евент наречен „Научи да играш Magic:The Gathering и добиј бесплатен шпил!” со цел оние кои што не знаат што претставува Мagic:Тhe Gathering се запознаат и започнат да уживаат во убавините на оваа игра со карти. Дојдете, ви гарантирамe дека нема да зажалите. Повеќе информации за евентот тука.

 

Фотка од еден Magic евент

 

Ќе се запрашате зашто би играле Magic и дали има некој бенефиции освен што е неверојатно забавна игра. Вештините кој ќе ги здобиете ќе ви претставуваат огромен плус во секој аспект. Има многу придобивки од играње Magic освен социјалниот и математичкиот ќе набројам уште други 5 од големиот избор.

  1. Magic ќе ве претвори во одличен планер
  2. Мagic помага во развивање на критичко размислување и донесување на одлуки
  3. Маgic помага во развојот на вашата креативност
  4. Magic помага во развојот и подобрувањето на вашата меморија
  5. Magic ќе ве научи како да се справувате и решавате со проблеми на брз и ефикасен начин

 

Видео опис како изгледа еден од евентите што се организираат за Magic:The Gathering

 

Повеќе информации за Magic:The Gathering и Гоблин и нивните евенти може да најдете на нивните домашни страни.

http://goblingames.com.mk/

                                                                                                                                          https://magic.wizards.com/en

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *