Insomnia Pro-Gaming, почетокот на gaming и esports во Македонија

Insomnia Pro-Gaming единствената играчница која низ времето остана релевантна и е активен подржувач на gaming и e-sport сцената до ден денес. Во цутот на Македонскиот gaming во периодот на 2002-2013 Insomnia Pro-Gaming беше револуционерот и иноваторот со отварањето на својот прв pro-gaming лан центар. Во 2003 на локација во Новата Македонска Железничка се отвори Insomnia1 а подоцна Insomnia2 беше отворена во Kарпош Лептокарија, најмодерни лан центри со приватни вип соби, најдобри конфигурации и услуги. Со нивното отварање започна најдобриот и најинтересниот период во gaming историјата на Македонија. Над 60 активни тимови во CS 1.6 и Dota, исполнети online сервери каде што постојано имате забава, лан борби во различни игри во вип собите, муабети по форуми кој кого тепал, кој се подобрил, закажување на пријателски дуели, трансфери, тимски тренинзи за нивни развој и надградување, организирање на мали и големи турнири се со цел за gaming-от и e-sport-овите да станат колку толку повеќе маинстреам.

 

 

Insomnia Pro-Gaming како главен спонзор и со помош и нејзина подршка била организитаор на многу турнири и gaming лиги во CS 1.6,Warcraft3 и Dota,  Insomnia Pro-Gaming одсекогаш претставувало место каде што идни e-sport таленти се дружеле, смееле, заеднички ги рефинириале своите вештини и се натпреварувале за награди и престиж. Insomnia Pro-Gaming е првиот организатор на познатиот светски e-sport евент ESWC (Esports World Convention) кој сеуште се организира и е високо кредибилен евент во кој за прв пат во својата историја Македонија ја репрезентираа тимови на светско e-sports ниво. Insomnia низ годините беше активен подржувач на голем број на e-sport македонски тимови како; Ins Gaming, Simplex, Almost Famous, Total Strangers,The Homeless,Maximum Power3,EON итн.

 

 

Insomnia Pro-Gaming мораше да ги затвори вратите на своите големи лан центри во Лептокарија и Железничка за да се адаптира со gaming и esport хибернацијата која настана во Македонија со тоа што отвори помали лан центри на различни локации во Аеродром и Карпош.

  Локација и Контакт инфо.

 

www.insomnia.mk

Галерија на фотки.

 

Зашто би играле игри или би ги терале вашите деца да играат видео игри дали има и кој се бенефициите од играње игри и постеување на вакви лан центри? Дебатата околу оваа тема навлага во многу подлабока комплексна дискусија дека играњето на каков било вид на игри е една од најзначајните работи во развојот и надградбата на мозочните функции, со тоа што главниот еволоушки чекор за настонок на луѓето како раса (Homo sapiens) претставувало почетокот на готвење на храна и нејзината подготовка со примена на огинот, а вториот главен чекор било симулирање на лов како начин на игра за да се достигне поголема ефикасност при племенските ловења.

  1. Играњето игри ви ја значително подобрува вашата меморијата
  2. Играњето игри ви ги подобрува вашите функции да решавате и идентификувате проблеми полесно и побрзо
  3. Играњето игри го потикнува растот и развојот на нови неурони во мозокот (neurogenesis)
  4. Играњето игри го зголемува волуменот на вашата концентрација
  5. Играњето игри го стимулра делот на мозокот кој е одговорен за креативноста и го подобрува неговиот развој
  6. Играњето игри го намалуваат стресот и го подобруваат вашето расположение
  7. Играњето игри прави подобри лидери и го стимулира развојот и усовршувањето на тимска игра и соработка

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *