PLAYERUNKNOWN’s BATTLEGROUNDS – најпопуларната игра за 2017

Штo претставува PUBG? PUBG или PlayerUnknown’s Battlegrounds е multiplayer solo или teambased battle royal shooter од типот на H1Z1 или ARMA Battleroyal каде што во PUBG ти и други 99 играчи се натпреварувате кој ќе остане жив до крај во соло варијантата и биде назначен победник во борбената арена (огромен остров нарачен Ерангел).  Оваа игра може ја уживате и играте и дуо (со уште едно ваше другарче) каде што се борите против други тимови составени од 2 играчи или со своите пријатели кој ја имаат исто купено играта може да формирате своја екипа максимум до 4 души во група и да играте многу посериозна squadbased такичка варијанта од соло варијантата во која се натпреварувате против други екипи од 4 луѓе која ќе преживее и победи до крајот.

Убавината во PUBG претставува во тоа што нејзината можност за риплејабилити и забавата која ја нуди неможе да се спореди со останатите игри од нејзиниот жанр. PUBG претставува единствената игра каде што може да утепате некој со тавче за готвење.

Играва е толку популарна што од своите тронови со својот моментум ги бутна CS:GO и за прв пат во историјата го симна the undisputed king Dota2 за да застана на број 1 позиција со вкупен број на играчи активни во ист момент кој броел над 500 илјади. PUBG е третата игра во историјата на gaming што достигнала до 800 илјади активни играчи во ист момент заедно со Dota2 и CS:GO.

Популарноста која ја има помеѓу топ стримерите на Twitch.tv и плановите за нејзино инволвирање во esport сцената значи дека оваа игра иако со своите симплистички убавини и неперефктности го зграпчила срцето на милиони низ целиот свет. PUBG има продадено над 8 милиони копии до Август месец, со постојаните упдејти, нејзино оптимизирање и во големо исчекување на втората мапа разумно е да се каже дека за парите платени за играва добивате голема вредност и забава назад.

Доколку сакате можете да ја купите PUBG од Kinguin за 25 евра а  нејзината цена на Steam е 30 евра.

Компилации од смешни рандом дешавки.

Save

Save

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *