Што е Starcraft Remastered и нејзиното влијание во Јужна Кореа

Starcraft Remastered претставува посовршена верзија и комбинација од двете легендарни real-time strategy игри (Starcraft и Starcraft: The Brood War) во една игра, створена за повторно да ги улови срцата на носталгичарите кој никогаш не престанале да ги играат овие игри и да уживаат во нивната комплексност и забава. Дизајнирани од едно од најдобрите студиа за креирање на највисоко квалитетни игри Blizzard излезни во Март и Ноември 1998. Најголемиот бум посебно низ целиот свет го направи експанзијата наречена Starcraft: The Brood War со што се надгради со материјал од оргиналот и ги реши проблемите тој што ги имаше.

Се планира на Олимпските игри во Париз 2024, електронските спортови да се приклучат за прв пат во историјата на овој светски евент.

 

Посебна љубов кон оваа игра има целата нација на Јужна Кореа (над 51 милион жители) каде што таа се емитира на неколку канали, третирана е како вистински национален спорт со вистински тимови кој ги имаат најдобрите светски дигитални спонзори каде што играчите се третирани како вистински супер ѕвезди.Нивната заедничка историја започнува во далечната 1997 по паѓањето на Корејската економија каде што многу од нејзините жители нашле утеха во компјутерски игри, нивната забава, сложеност и можноста за меѓусебно натпреварување низ интернет-лан кафиња кој ги викаат PC BANG и зачудувачки до ден денес се сеуште популарни.

Starcraft во Ј. Кореа претставува вистинска кариера каде што играчите на топ 12 тимови имаат шест цифри плати плус бенефиции од своите спонзори. Starcraft од 9.5 милион копии продадени низ целиот свет 4.5 милион од нив биле само продадени во Ј. Кореа. Неверојатно.

Lee Jaedong, профисонален Starcraft играч (освоени над $600,000 во својата кариера)

Неколку слики како изгледаат турнирите на Starcraft во Ј.Кореа

Немој да помислите дека доколку сакате да бидете профисоналец во оваа игра тоа би било лесно и изводливо, напротив профисоналците вежбаат по 10 саати минимум секој ден 6 дена во неделата на нивните стратегии и како да ги усовршат, работејќи на микро и макро контролата, анализирајќи ги своите противници и нивните грешки, менталнта подготвеност да им е на заводливо ниво се за само да имаат дури и мала предност против нивните противници која ќе им обезбеди победа.

Една од партиите изиграни помеѓу најдобрите StarCraft играчи во светот.

Сериозноста иде до тоа екстремно ниво така што додека трае временскиот период за вежбање пред големи евенти не се ни јаде, ни какво било други дистракции не се дозволени и доколку не перформираат со над 300 акции во минута нема да добијат шанса да ги репрезентираат тимовите во главната екипа. Дали сте се запрашале како би изгледало некој да извршува над 300 акции во минута?

Погледнете го видеото.

Еве како изгледаше најавата на Starcraft Remastered во Јужна Кореа.

Документарец направен од National Geographic посветен на Starcraft за време на World Cyber Games 2005.

Save

Save

Save

Save

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *