Гоблин. Друштвени игри, супер забава, дружење,формирање нови пријателства, опуштена атмосфера. Што сакате повеќе?

Што претставува Гоблин? Гоблин иако е продавница за друштвени игри во исто време е и социјално клубче кој што постојано организира различни видови на евенти каде што секој и со својте пријатели може да учествуваат на нив и да ги видат и пробаат игрите кој се промовираат. Посебно игрите на табла се неверојатно интересни, доколку сте заинтересирани можете дел од нив да ги прегледате тука.

Неколку примероци;

 

Сите информации и новости кој ги објавуваат може да ги најдете на нивната веб страна и нивниот фб page и незаборавајте да ја прегледате нивната галерија на фотки.

http://goblingames.com.mk/

https://www.facebook.com/goblingames.mk/

Моето искуство со Гоблин започнува во далечната 2003 како тинејџер кога во едно издание на PCGAMER се запознав со Magic The Gathering стратешката игра со карти. Случајно еден ден додека шетав низ трговскиот Буњаковец ја здогледав продавницата на Гоблин и искрено бев шокиран кога ги здогледав сите тие различни видови на друштвени игри и нивниот огромен избор, како страствен љубител на секаков вид на игри но посебно на оние каде што можеш да се натпреваруваш и начинот и приодот на кој ги користиш својата креативноста, интелектот, начинот на како се справуваш со проблеми во реално време, како да си некој командир на некое борбено поле е скриената комплексна убавина која ја има во себе Magic The Gathering.

Гоблин се наоѓа на Бул Партизански Одреди бб (ТЦ Буњаковец, лок 21), 1000 Skopje, Macedonia. Посетете го ќе бидете пријатно изненадени.

Гоблин на 2-ри септември ве поканува на Hearthstone евент со кој во исто време ќе се прослави искачањето на новата експанзија “Knights of The Frozen Throne” и рестартирање и продолжување на Hearthstone лигата под организација на Гоблин. Доколку сте љубител на Hearthstone незаборавајте да се пријавите и да учествувате.

Поопширен опис за евентот;

*KNIGHTS OF THE FROZEN THRONE RELEASE PARTY*

***Hearthstone ТУРНИР***
Време: 2 септември, сабота, 14:00 ч.
Формат: Стандард (4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4)
Број на декови: 2 – по еден од две различни класи.
Победник: Во две добиени, по една победа со двата дека.

Пријавување: Испратете ме, презиме и бетл таг на contact@goblingames.com.mk

ВАЖНО: Секој доаѓа со своја машина (лаптоп, таблет, мобилен)

Учество: 100 ден.

Награди:
1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Thrall Funko Pop!
2 место: 20 % store credit од вкупното учество
3 место: 10 % store credit од вкупното учество
4 место: 10 % store credit од вкупното учество
+ многу награди по случаен избор!

***ПРАВИЛА НА ЛИГАТА***

1. Секој учесник на турнир од лигата ќе добие по 3 бода (доколку учествува на пр. на 3 турнири, тоа се вкупно 9 бода).
2. Секоја победа носи по 1 бод, победи во плејофот (Топ 4) не се бодуваат.
3. На крајот на првата сезона (кон крајот на годината) најдобрите 8 играчи кои ќе имаат собрано најмногу бодови во текот на сезоната ќе играат на финален Топ 8 турнир со вредни Hearthstone награди!
4. Турнири од лигата се одржуваат отприлика по еднаш месечно во Гоблин

.

Save

Save

Save

Save

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *